Американецот Рон Несман излегол среде интервју за работа за да спаси бебе на улица. Кога од прозорот ја видел количката како самата се движи по улицата, брзо излегол ѝ ја тргнал на страна. Одма потоа од ресторанот каде бил на интервју му рекле дека ја добил работата, пренесе „Гардијан“.
Рон со години немал работа и останал на улица. Тој ден дошол на интервјуто во ресторанот „Еплби“, а пред самиот крај кога се подготвувал да излезе, од прозорот ја видел количката.
Во дел од секунда излегол и го спасил бебето. Бабата рече дека кога сакала да го стави во автомобил, силниот ветер ѝ ја однел количката. Рече дека се обидела да ја фати количката, но паднала.
„Гледав беспомошно како се движи кон преполната улица со автомобили. Тогаш од никаде се појави Несман ѝ ја запре. Дел од секунда фалеше да излезе на сообраќајната лента.
Несман рече дека немал време за размислување и дека реагирал импулсивно. Тој е поранешен возач на камион и останал бездомник речиси осум години. Последниве неколку месеци живеел со сестра му во калифорнискиот округ Сан Бернардино, а на 1 мај бил повикан на интервју за работа како перач на садови.