(Видео) Би-би-си објави снимка пред трагичниот лет на Емилијано Сала: Авионот личи дека се распаѓа, страв ми е

Британскиот  Би-би-си објави аудио и видеоверзија за трагичниот лет на Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа на 21 јануари во 2019 година.

Снимките се направени на 45 минути пред летот од Нант кон Кардиф.

„Јас сум во авион што личи дека ќе се распадне. Страв ми е“ се последните зборови на  фудбалерот  кој се снимени непосредно пред да се загуби трагата на малиот авион „Пајпер“ што леташе од Нант кон Кардиф, исчезна некаде над Ла Манш.

Сала се враќаше од Нант за Кардиф, откако пристигна во францускиот град за да се прости со своите соиграчи по трансферот во велшкиот клуб, кој тогаш играше во англиската Премиер лига.

Претходно и аргентинскиот „Оле“ објави слична содржина со последните зборови на Сала, но сега Би-би-си објави и видеоверзија комбинирана со аудиозвук непосредно пред кобниот лет на арентинскиот фудбалер.

Летот беше трагичен, а на аудиоснимката што ја објави Би-би-си се слуша и гласот на пилотот Давид Иботсон, кој исто така загина во трагичната авионска несреќа во јануари пред три години.

Scroll to Top