(Видео) Брачен пар од Белгија со Југо 55 шета низ поранешните југословенски републики

Лаура и Хозе, Романка и Португалец од Брисел, ги обиколуваат поранешните југословенски републики со Југо 55. Југото го купиле пред една година во Истра, го реставрирале и дошле на идеја да одат до Белгија кај поранешниот сопственик и да му покажат што направиле со колата. Патувањето се претворило во турнеја, пишува Радио Слободна Европа.

„Нашето патување во Истра беше мал круг околу поранешна Југославија. Отидовме од Љубљана преку Загреб до Белград. Вчера бевме во Крагуевац, каде што се произведуваше Југото, па на некој начин го вративме дома“, раскажала Лаура.

Мостар и Сплит им биле попатни станици на патот кон Истра. Радиото е едниствениот новитет во Југото во однос на она што поседувала колата од претходно. За време на патувањето слушале екс-ју рок, иако не го разбирале текстот.

„Многу добро оди со автомобилот. Внатре е прилично бучно, особено кога се движите над 100 километри на час. Од Луксембург, Австрија, Германија и особено во поранешна Југославија, луѓето мавтаат кога ќе го видат Југото. Изненадени се “ опишал Жозе.

Со 148.000 километри на километражата, Југото одлично се покажало на германскиот автопат. „Тргнавме на автопатот затоа што сакавме да го тестираме југото таму и беше беспрекорно. Поминавме низ секакви временски услови, дожд, сонце“, рекла Лаура.

„Се чувствувавме добредојдени насекаде, од Љубљана, Загреб, Белград, Крагуевац и сега Сараево. Затоа сакаме да се вратиме повторно бидејќи сите се добри со нас. И тоа се единствените места каде што радиото работи беспрекорно. Автомобилот се чувствува како дома“, заклучила двојката која во колекцијата има и Citroen 2CV, Trabant и Lada Niva.

 

Scroll to Top