(Видео) Бразилска музичка ѕвезда ограбена на Миконос, камерите го снимија крадецот како си замина со плен од 320.000 евра

Позната бразилска музичка ѕвезда била ограбена на Миконос во Грција, пренесоа тамошните медиуми. Засега полицијата го нема објавено името на пејачот, затоа што не сакаат да го откријат неговиот идентитет, но рекоа дека станува збор за грабеж од 320.000 евра.

Полицијата ги објави и снимките од безбедносните камери во хотелот на кои се гледа крадецот кој се преправа дека е гостин кога влегол во неговата соба во хотелот. Излегол со ранец полн со скапи часовници и накит, а украл и 10.000 евра.

Полицијата успеала да го лоцира, бидејќи носел еден од скапите часовници, а потоа биле пронајдени и остатокот од украдените пари и вредни работи во вредност од 7.980 евра.

Scroll to Top