(Видео) Чешките полицајци ќе ги бркаат криминалците со „ферари“

Чешката полиција го претстави новиот автомобил „Ферари“ со кој во иднина ќе ги брка криминалците низ улиците во земјата. Автомобилот може да постигне брзина до 326 километри на час.

Полицијата соопшти дека автомобилот бил запленет и дека трошокот од 12.000 евра за негова конверзија во полициски автомобил е ист со нова Шкода хечбек.

Од таму велат дека автомобилот Ферари 458 Италиа ќе се користи за сузбивање на нелегални трки и потери по украдени автомобили. Може да постигне брзина до 100 километри на час за 3,4 секунди.

На автомобилот има флуоресцентни жолти и сини ленти. Ќе го користи Одделот за специјален надзор и со него ќе управуваат специјално обучени службеници.

Шефот на полициското сообраќајно одделение, Јиржи Зли, рече дека автомобилот ќе биде користен против најагресивните возачи низ патиштата во Чешка.

За потсетување, полицијата досега има запленето стотина автомобили од криминалци и истите ги користат за борба против сериозни криминални активности низ земјата, соопштија од полицијата.

Scroll to Top