(Видео) Членка од бендот „Пуси рајот“ уринира на портрет од Путин

Членовите на руската група „Пуси рајот“ објавија ново видео „Мамо, не гледај телевизија“. Членовите на бендот песната ја нарекуваат своја изјава против војната во Украина. Во последниот кадар од видеото за песната, членка на „Пуси рајот“ уринира на портрет на Владимир Путин.

Половина од видеото се состои од документарни снимки од војната и нејзините последици: експлозии во Киев, Харков, Мариупол, Кременчуг, Днепар.

Марија Аљохина, Олга Борисова и Дајана Буркот за порталот „Медуза“ изјавија дека самите ги собрале сите материјали, а кадрите не биле случајно одбрани.

„Сакаме луѓето ширум светот да не вртат глава на овие истрели и да се сетат на злосторствата што Путин и неговата војска ги прават 10 месеци. Сакаме да ја кажеме вистината. Сакаме да викаме што е можно погласно за оваа војна. Мораме да го запреме“, велат тие.

Видеото содржи и снимки од антивоени протести во Русија, вклучително и снимки од запалени воени канцеларии и феминистички митинг на антивоен отпор, како и крстови во знак на сеќавање на загинатите жители на Мариупол.

Сцените во кафулето се снимени во Париз од Таисије Кругов и Василиј Богатов, кои го документираа движењето на групата „Пуси рајот“ од основањето на групата во 2011 година. На видеото може да се видат и антивоени графити кои членовите на бендот ги напишале по концерти за време на европската турнеја. Во Швајцарија дури и биле приведени поради ова.

 

Scroll to Top