(Видео) Далај Лама непримерно ја допира Лејди Гага, фановите го критикуваат дека е перверзен

Откако светот беше шокиран од снимката на која Далај Лама бара мало момче да го бакне во уста и да му го цица јазикот, сега на Твитер се појави видео на кое се гледа како тибетскиот верски водач непримерно ја допира по нозете Лејди Гага.

На видеото се гледа како Далај Лама седи до Лејди Гага, а во еден момент ги гледа нејзините искинати фармерки. Потоа со левата рака и со прстите ја допира кожата на пејачката. Кога се обидува да го стори истото на другата нога, поп ѕвездата го фати за рака и го запре.

„Имам чувство дека ќе гледаме уште вакви видеа“, „Не знаев дека е толку мрзлив“, „Веројатно планираше да го направи ова јавно за сите да мислат дека само си игра наоколу. Перверзен“, „Вистината секогаш излегува на виделина“, се само дел од коментарите на корисниците под објавата.

Да потсетиме, непримерниот чин на 87-годишникот со момчето се случил во храмот во Дарамшала, Индија. Далај Лама му рекол на момчето да дојде на сцената каде што седел. Покажувајќи ги образите, се слуша како вели „прво овде“, по што детето го бакнало и прегрнало.

Далај Лама го држел момчето, велејќи „мислам и овде“, а потоа го бакнал во уста. „И цицај ми го јазикот“, му рече, вадејќи го јазикот, чело до чело со момчето. Детето брзо го извади јазикот и сакаше да се оддалечи, додека Далај Лама се смееше и го повлече назад во раце додека публиката се смееше. Видеото се прошири на интернет и предизвика негативни коментари.

Scroll to Top