(Видео) Дечко со лижавче ја побара за жена девојка си на трибини, па доби шлаканица

Момче со лижавче ја запроси девојката среде спортски натпревар, а таа му удри шлаканица. Моментот на запросување се случил на МЛБ натпреварот помеѓу Торонто Блу Џејс и Бостон Ред Сокс, кога момчето ја гушка и бакнува неговата девојка и одеднаш клекнува.

Ја вади кутијата, но наместо прстен тој и дава лижавче. Девојката нервозно му удира шлаканица и го полева со пиво.

Видеото од запросувањето на социјалните мрежи има над 150 илијади прегледи.