(Видео) Дедо со сачмарка спречи грабеж во маркет

Дедо (80) со пушка сачмарка спречил обид за вооружен грабеж во округот Риверсајд, САД.

На видеото од надзорните камери се гледа како човек влегува во маркетот во сопственост на дедото и вперува пиштол кон него. Дедото потоа посегнува по огнено оружје и пука во осомничениот.

Одделот на шерифот соопшти дека сопственикот испукал еден истрел од сачмарка, поради што осомничениот избегал.

„Законски вооружен припадник на нашата заедница спречи насилен криминал и се бранеше соочен со неколку вооружени осомничени“, соопштија од одделението.

Снимката од надзорната камера надвор од продавницата покажува како втор вооружен маж излегува од паркиран џип и се упатува кон продавницата непосредно пред повредениот осомничен да истрча назад кон возилото, очигледно викајќи дека му е откината раката. Властите соопштија дека еден осомничен подоцна бил пронајден во болница во Јужна Калифорнија со очигледна прострелна рана.

Осомничениот се уште е хоспитализиран, но по неговото опоравување ќе биде задржан во затвор. Уапсени се уште три лица во џипот и обвинети за разбојништво, соопштија од одделението.

Scroll to Top