(Видео) Девојчето кое се роди со споени нозе ги направи првите чекори

Триесет и петгодишната Ноел Спајви од Тексас, раскажа како нејзината ќерка Блер, која се родила без нозе, денес ги направила првите чекори. Спјави откри дека лекарите во 12 недела од бременоста, кај Блер откриле аномалија. И рекле дека Блер ќе се роди со сиреномелија, што значи дека нозете и се ротирани наназад од колената и споени кај стапалата. Не биле премногу оптимисти дека може да преживее.

„Чувствував како да минав цела вечност таму“, рече Спајви која работи како стоматолошка асистентка во Лубок во Тексас, САД.

„Докоторот дојде и ми рече дека бебето ми е во фатална состојба. Почнав да плачам. Ми беше доволно тешко да забременам. Ми рекоа дека не е во прашање дали таа ќе умре, туку кога ќе се случи тоа“, рече Спајви.

Сепак Блер преживеа. Лекарите седум часа ја оперираа кога наполнила 18 месеци. И ја ампутираа ногата и колената, пишува британски „Метро“. Спајви била одлучна да не се откажува од неа. Рече дека била посебно надгледувана за време на бременоста.

„Повеќето бебиња на кои им е дијагностициран синдромот сирена како фетус, не развиваат бубрези, црева или гениталии. Тоа е страшно“, објасни Спајви.

Рече дека денот кога ја родила Блер бил најсреќниот во нејзиниот живот.

„Кога се уверија дека е добра, ја видо како и она плаче. Тогаш и ја ставив раката на главата, таа ме погледна и прекина да плаче. Сите други органи ѝ беа нормални. Сè беше нормално. Но, имаше само една од двете коски во потколеницата. Под нејзиното колено сè беше роритано наназад и споено“, објасни Спајви.

Лекарите ја оперираа уште првиот ден за да го решат проблемот со цревата. Потоа на 18 месеци и ги оперираа нозете. И било ампутирано коленото, а минатото лето и ја направија првата протеза во должина со стапалата. Блер и понатаму има здравствени проблеми кои лекарите ги испитуваат.

Мајка ѝ ја опиша како многу силна.

„Таа е супер паметна и урнебесна. Вистинско чудо. Се надевам дека ќе има долг, среќен и здрав живот“, рече Спајви и додаде дека Блер ги направила првите чекори со протезите.

 

Scroll to Top