(Видео) Девојка бакна австралиски новинар додека тој имаше вклучување во живо

Џон Пол Гонзо, новинар на австралиската телевизија „Нетворк 10“, стана популарен на Твитер откако беше споделено видео на кое се гледа како вежба, пред да се вклучи во живо од пред катедралата Свети Теодор во Кишињев, каде што требало да зборува за новиот пакет за воена помош на САД за Украина.

Во еден момент непозната девојка му приоѓа и го бакнува во образ.

„Многу си сладок“, му вели девојката и веднаш си заминува.

Новинарот изгледа збунето при што и се заблагодарува дури кога веќе таа заминува. Потоа извесно време новинарот не може да се соземе од смеење, а во позадина се слушаат камерманите како се смеат.

Scroll to Top