(Видео) Девојка претепа врсничка во средно училиште во Лас Вегас

Средношколка од Лас Вегас претепа врсничка во школо во Лас Вегас, пренесоа американските медиуми. Од силните удари во глава, една од девојките доживеала сериозни повреди. Некои пренесоа има потрес на мозок.

На видеото кое го сними едно од децата, се гледа како трета девојка за момент се обидува да ги раздвои, но брзо се откажува. Од преполната училница, само таа реагира, додека остатокот од класот седеше мирен. Инцидентот наводно се случил во февруари 2022 година.

Директорот на школото Рони Герзон, рече дека истрагата е во тек и дека девојката одговорна за брутално насилство ќе одговара.

Scroll to Top