Првата дама на САД Џил Бајден, објави фотографии од украсениот простор во Белата куќа по повод божиќните празници. Овогодинешните божиќни украси во Белата куќа наречени се We the People.
Претседателот и првата дама на САД испратија порака до граѓаните, во која велат дека оваа година се надеваат дека ќе го претстават празничниот дух отелотворен во самата идеја на Америка: „Ние луѓето“.
„За време на вашата посета на просториите исполнети со историја и празнични украси, се надеваме дека ќе се чувствувате како дома и ќе се најдете во големата приказна за Америка. “, порачаа Бајденови.
Во украсувањето на Белата куќа работи тим од околу 150 волонтери, а како ќе изгледа Белата куќа за Божиќ е план кој се спроведува неколку месеци наназад. Во Белата куќа има 77 новогодишни елки, куќа од џинџер, макета на Белата куќа и посебен украс во секоја од собите, а највпечатливо е што во украсувањето биле употребени 83.615 светилки.
View this post on Instagram