(Видео) Дубаи ќе добие своја Месечина вредна пет милијарди долари

Шеиците од Обединетите Арапски Емирати ќе градат летувалиште во облик на месечина кое ќе чини 5 милијарди долари. Објектот го дизајнираше архитектонската компанија  Moon World Resorts Inc од Канада. Ќе биде висок 735 метри и ќе може да прими 2,5 милиони гости годишно.

Се очекува да биде изграден во период од 48 месеци. Летувалиштето ќе биде наречено „Месечина“ и ќе има за цел да ја зголеми економијата во различни сектори, како на пример велнес центар, ноќните клубови, вселенскиот туризам, угостителството, технологијата и многу повеќе.

Околу објектот ќе има лунарна површина од 10 хектари, во која ќе може да се види авентичната месечева колонија која ќе биде наменета за оние кои бараат прифатлив пристап за да го истражуваат вселенскиот туризам. Ќе биде и центар за вселенски агенции и нивните астронаути.

Дестинацијата ќе вклучува и 300 приватни станбени единици „Скај вили“ достапни за купување. Сопствениците ќе станат и членови на ексклузивен приватен клуб во одморалиштето.

Scroll to Top