(Видео) Ед Ширан им продаваше на фановите лего коцки во трговски во Минесота

Британскиот музичар Ед Ширан ги изненади фановите откако се појави во трговски во Минесота и на благајната им продаваше лего коцки. Носеше сина маица и жолта прекривка, а на продавачите им помогна во продажбата и на фановите им ги покажуваше популарните лего коцки.

На крајот се сликаше и им делеше автограми, а работниот ден во трговскиот го заврши со настап и ја испеа Lego House. Следниот ден го одржа вториот концерт во државата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

Scroll to Top