(Видео) Европскиот град Нордлинген изграден е на тони дијаманти создадени од астероид

Малиот град Нордлинген во Баварија е изграден на дијаманти кои датираат од пред 15 милиони години, кога астероид удрил во Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како и денешниот Нордлинген, а тежел околу три милијарди тони.

Ударот ја зголемил температурата и притисокот, доволно за да формира мешавина од стакло, кристали и дијаманти или сувит. Се проценува дека има околу 72.000 тони дијаманти во областа Нордлинген. Кога првите жители пристигнале милиони години подоцна, не ни знаеле дека градат куќи на скапоцена почва. Тие со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, додека во 1960-тите не било потврдено дека станува збор за астероид. Тие користеле сувит како градежен материјал, не сфаќајќи дека се состои од ситни дијаманти.

Денешните жители на Нордлинген знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го уништат градот за да се збогатат. За ситни камења не би можеле да добијат поволна цена, дури и за голема количина, бидејќи се помали од 0,2 милиметри.

Германскиот град профитира на друг начин – туристите доаѓаат од целиот свет за да ја разгледаат блескавата архитектура и да го посетат музејот на кратерот Рис, во кој се сместени примероци од домашни кратери, како и оние од други делови на светот.

Scroll to Top