(Видео) Финската премиерка снимена како се забавува, призна дека пиела алкохол пред журката

Финската премиерка Сана Марин е снимена на домашна журка, а видеото за кратко време стана хит. Сана се забавува со пријателите и пее и игра на песната на финскиот рапер Петри Нигард и поп ѕвездата Анти Туиску, пренесе финскиот таблоид Iltalehti.

Засега новинарите не добија коментар од нејзиниот кабинет и оттука не можат да дознаат каде и кога е направено видеото. Марин е позната како жена која сака да излегува и да се забавува. Често е активна и на социјалните мрежи. Ја прогласија за најкул премиерка, а за видето призна дека кога го снимала имала испиено алкохол.

Нејзиниот начин и стил и начин на живот често е предмет на дебата во финската јавност. Додека едни тврдат дека таквото однесување не ѝ прилега на една прмерика, други ја поддржуваат како најкул полутичарка на светот.

Марин е најмладата претставничка на владата во историјата на Финска, а докажа дека е одлучна во борбата против короната и битката за рамноправност на половите.

Scroll to Top