(Видео) Фудбалер нападна судијка откако му покажа црвен картон

Фудбалерот на Наутико, Жеан Карлос ја нападна главната судијка на натпреварот против Ретро, откако таа му покажа црвен картон и го исклучи.

Судијката Дебора Сесилија, со помош на ВАР системот го забележам моментот во 21. минута кога 30-годишниот Карлос направи прекршок. Откако му покажа црвен картон, тој ја нападна, а другите фудбалери од двата тима мораа да го смируваат.

Немилиот настан се случи за време на финалето во Пернамбукано.

Scroll to Top