(Видео) Фудбалер нокаутираше навивач пред стадион во Катар

Фудбалерот Самуел Ето пред стадионот 974 во Катар нокаутираше навивач по мечот Бразил – Јужна Кореа.

Поранешниот стрелец, кој сега е претседател на Фудбалскиот сојуз на Камерун, како што може да се види на видеото, прво расположено се фотографира со навивачите, а потоа се лути и го напаѓа човекот кој снимаше со камера.

Ето (41) е во Катар во улога на еден од амбасадорите на Мундијалот.

Scroll to Top