(Видео) Фудбалер претепа соиграч во соблекувална на полувреме

Напаѓачот на Бока Дарио Бенедето го претепал својот соиграч Карлос Замбрана во соблекувалната. Бенедето му удри бокс, па Замбрана второто полувреме го играше со потечено и црвено лице. Инцидентот се случил за време на полувремето на мечот меѓу Бока и Расинг.

Медиумите во Аргентина пренесоа дека соиграчите не успеале да ги одвојат, па реагирала и полицијата. Тренерот Уго Ибара ги остави во игра подолго време.

„Знам дека имаше тензии меѓу двајцата. Но, тоа е сѐ што знам. Ваквите расправи секогаш постојат во екипи и тоа е нормално“, рече Ибара по мечот.

Scroll to Top