(Видео) Фудбалерите на Болоња му пееја на Михајловиќ под прозорецот од болницата

Фудбалерите на Болоња отидоа да го посетат својот тренер, Синиша Михајловиќ во болницата каде се лечи од леукемија. Тие го изненадија под прозорот со аплауз и песна.

„Како сте?“, ги праша Михајловиќ на што тие му одговорија дека се добри.

„Уморни, но и среќни по победата над Интер“, му одговори Лоренцо Де Силвестри.

Болоња го победи Интер со 2:1 и го симна од првото место на табелата во италијанското првенство и му направи проблеми во битката за титулата.

За потсетување, откако тренерот им е во болница и тоа по втор пат на лекување од леукемија, Болоња нема пораз на сите пет меча. Болоња во последните пет кола одигра нерешено со Јуве, Милан и Удинезе и ги победи Сампдорија и Интер.

Scroll to Top