(Видео) Фудбалерка запроси новинарка во емисија во живо

Шпанската фудбалерка Андреа Фалкон во телевизинска емисија, ја запроси новинарката Карла Пуџ. Овој детал привлече големо внимание во Каталонија, цела Шпанија, но и Мексико, од каде што Фалкон минатата сезона ја освои титулата.

Планираат да се венчаат на некој егзотичен остров, но сакаат да направат церемонија со мал број луѓе. Андреа рече дека запознавањето им било спектакуларно, но брзо потоа се појавила короната.

„Пет месеци откако се запознавме, се заклучивме во стан од 50 квадрати. Моравме поради короната. Бевме заедно 24 часа изолирани од сите. Ѝ реков дека од станот е излеземе или како да не се познаваме или венчани“, рече Андреа која ѝ го подарила прстенот.

Scroll to Top