Мајкл и Владо се млад геј-пар, кој се венча во Опатија, а на јутјуб-каналот објавија моменти од нивниот заеднички живот. Еден од тие моменти е песната што си ја посветија на својата свадба. Владо и Мајкл заедно ја отпеаа Perfect од Ед Ширан и Андреа Бочели, а со своите следбеници споделија видео од овој момент на свадбата.
„Првите неколку видеа ќе бидат моменти од нашата прекрасна свадба во Опатија, а потоа ќе одлучиме што понатаму да објавуваме, ви благодараме многу“, изјавила двојката, која зборува неколку јазици.
„Ривиерата Опатија на Јадранското Море е заднината на магичниот брак на двајца меѓународни геј-љубовници, нивното семејство, пријателите и најблиските“, напишаа тие.
За прославата избраа голема златна сала, а самата венчавка се одржа на терасата на познатиот хотел „Кварнер“.