(Видео) Ѓоковиќ ги пцуеше навивачите на турнирот во Рим

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, во четврфиналето на турнирот во Рим против Оже-Алиасим, на моменти ги изгуби нервите и викаше и навредуваше фановите на трибините.

Во еден момент кога Аласим сервираше, Ѓоковиќ не успеа да го врати топчето во поле и потоа нервозно почна да вика по навивачите во публиката.

„Молчете бе“, им викна Ѓоковиќ, а потоа и ги пцуеше.

За потсетување, Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот во Рим, против Оже-Аласим, славеше со 2:0 во сетови.

Scroll to Top