(Видео) Ѓоковиќ го освои турнирот во Торино па им се заблагодари на македонските навивачи за поддршката

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Торино, откако во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 7:5 и 6:3 во сетови. Во публиката имаше поддршка и од Македонија, а по победата тенисерот им се заблагодари на навивачите и на поддршката која стигна од Македонија.

За потсетување, Ѓоковиќ по 6-ти пат го освои завршниот турнир повторувајќи го рекордот на Роџер Федерер. Стана и најстариот шампион освојувајќи ја титулата на 35 години. Остана непоразен на турнирот, заработувајќи 4,74 милиони долари.

 

 

Scroll to Top