(Видео) Ѓоковиќ се пласираше во финале на турнирот во Астана откако Медведев поради повреда му го предаде мечот

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на турнирот во Астана, откако рускиот тенисер Данил Медведев поради повреда мораше да се повлече и да му го предаде мечот. На големо изненадување на сите, Медведев се откажа откако Ѓоковиќ по вториот сет. И Ѓоковиќ беше изненаден од потегот на Медведев.

„Во шок сум затоа што ми го предаде мечот. Изгледаше во ред. Можеби во последните седум, осум поени беше малку побавен и се движеше поспоро, но, во шок сум. Бев подготвен да го играм и третиот сет. Се надевам дека не е сериозна повредата. Тој е голем борец и сигурно не би ми го предал мечот, ако не морал. На мрежата ми рече дека го истегнал мускулот на ногата“, рече Ѓоковиќ по мечот.

За потсетување, во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Стефанос Циципас.

„Тоа ми е желба на секој турнир на кој ќе стигнам да играм во финале. Првпат сум тука и сега ми е драго што ќе играм. Знам дека овде денес ќе бидам тестиран и вчера беше голема борба и ми беше тешко. Утре не очекувам ништо поинаку. Ова е голем турнир за нас и нека победи подобриот“, порача Ѓоковиќ.

Scroll to Top