(Видео) Ѓоковиќ се скара со судијата и побара да бидат исфрлени пијани навивачи од трибините на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен и го победи Енцо Куако. Српскиот тенисер за време на натпреварот од судијата побара да бидат исфрлени група пијани навивачи од трибините.

Барањето на Ѓоковиќ траеше 11 минути, а камерите забележаа и расправија помеѓу Новак и судијата.

Ѓоковиќ за време на натпреварот се жалеше на повредата на грбот, најмногу во вториот сет, кој меѓу другото го загуби.

Scroll to Top