(Видео) Голман даде гол од 100 метри и ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди

Аргентинскиот голман Ленадро Рекуена може да влезе во Гинисовата книга на рекорди со голот кој го постигна за својот тим во првата лига на Чиле.

Неговиот шут на почеток не изгледаше толку опасен за протвничкиот тим. Но, бидејќи нивниот голман беше излезен премногу надвор од шеснаесетникот, топката само го прелета и ја затресе мрежата.

„ТНТ Спортс Чиле“ пренесе дека голот е постигнат од далечина од 101 метар и ако биде одобрен од Гинисовата книга, би го соборил рекордот за најдолг гол во историјата на фудбалот.

Актуелниот рекорд е 96,01 метар, поставен од Том Кинг во 2021 година за време на натпреварот помеѓу Њупорт Каунти и Челтенхем Таун во четвртото ниво во Англија.

„Сакав да ја вратам топката во терен брзо, како што сме го правеле многу пати, да се обидам да го фатам противникот неспремен. Сега чекаме да провериме колку навистина е растојанието. Ми кажаа дека чилеанската фудбалска федерацијаги проверува димензиите на теренот. Вистината е дека сето тоа ме прави среќен, повеќе од било што. Влегувањето во историјата е нешто посебно“, рече Ленадро.

За потсетување, тимот на Ленадро, Кобресал победи со 3:1 над Коло-Коло. Еден од виновниците за погодокот е и противничкиот голам, Брајан Кортес кој по натпреварот призна дека направил грешка.

Scroll to Top