(Видео) Харисон Форд се враќа како Индијана Џонс, објавен трејлерот од петтото продолжение на култниот филм

Легендарната франшиза на филмови „Индијана Џонс“  ќе добие ново, петто продолжение за кое „Дизни“ неодамна објави трејлер. Филмот, во кој главната улога ја игра Харисон Форд (80)  како и во претходните четири продолженија, се вика Indiana Jones and the Dial of Destiny. Филмот, кој го режираше Џејмс Манголд, ќе пристигне на 30 јуни 2023 година.

Приказната на филмот е сместена во 60-тите години, а покрај Форд во главна улога се појавува и актерката Фиби Волер-Бриџ (37) која ќе ја игра ќерката на Индијана и ќе му се придружи во борбата против негативците.

„Не верувам во магија, но сум видел нешта. Нешта кои не можат да се објаснат“, вели Џонс, кој уште еднаш ќе ја однесе публиката низ најлудата  филмска авантура

Scroll to Top