(Видео) Излезе трејлерот за втората сезона од продолжението на „Сексот и градот“

Излезе првиот трејлер за втората сезона на серијата And Just Like That, на култната серија „Сексот и градот“. Втората сезона започнува да се емитува во јуни, а главните улоги ги толкуваат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон, Кристин Дејвис, Марио Кантоне, Еван Хендлер, Дејвид Ајгенберг, Никол Ари Паркер, Сара Рамирез, Сарита Чудури, Кристофер Џексон, Ниал Канингам, Кети Анг и Алекса Свинтон.

„Ако имате среќа, секогаш можете да сметате на вашите најблиски пријатели. Никој од нас не знае кога нашите животи можат да се сменат“, вели Кери Бредшо во трејлерот.

Меѓу тие големи промени е изјавата на ќерката на Шарлот и Хари, Лили, која ги предупредува нејзините родители дека е подготвена да ја изгуби невиноста.

Миранда е подготвена да го направи следниот чекор во врската со Че по разделбата со долгогодишниот сопруг Стив. Што се однесува до Кери, таа си нашла нов сексуален партнер, тој инсистира на тоа дека „се работи само за секс“. Но, најголемото изненадување во втората сезона е нејзиното поранешно момче Ејдан кој се појавува на крајот од трејлерот.

Првата сезона штотуку беше објавена на HBO Max повеќе од 23 години откако „Сексот и градот“ беше премиерно прикажан на HBO. Оригиналната серија беше премиерно прикажана во 1998 година.

 

Scroll to Top