(Видео) Келнер на Закинтос спаси жена со Хајмлихов зафат

Келнер во ресторан на островот Закинтос, спаси жена која почнала да се дави, користејќи го Хајмлиховиот зафат. Жената почнала да се дави од парче храна која ја јадела, а во истиот момент реагирал сопругот кој почнал да ја удира по грбот. И покрај сите напори, жената имала проблеми со дишењето.

Еден од келнерите не го искористил Хајмлиховиот зафат за да и ги одблокира дишните патишта. Сопственикот на ресторанот брзо повикал брза помош за да ја однесат жената во болница, пренесе tempo 24 news.

За потсетување, Хајмлиховиот зафат го измислил Хенри Хајмлих, американски торакален хирург, кој откако дознал дека стотици луѓе годишно умираат од гушење од туѓо тело, смислил како да го отстрани предметот кој ги попречува дишните патишта на жртвата.

Експертите велат дека не секој може да го практикува и дека не е пожелно да го правите ако не сте запознаени со истиот.

Scroll to Top