(Видео) Келнери и гости се тепаа во ресторан во Црна Гора

Голема тепачка се случила во ресторан во Црна Гора, во месноста Рафаиловиќи. Во тепачката учествувале келнери и гости, пренесе црногорски „Вијести“. Според информациите, тепачката ја почнал Русин, кој почнал да го навредува персоналот и мештаните во локалот.

Покрај Русинот во тепачката учествувале уште четворица други лица, исто така од Русија, кои биле во алкохолизирана состојба. Тие направиле инцидент и додека возеле на шеталиштето во Рафаиловиќ, каде за малку ќе настрадел мотоциклист. Прво го блокирале шеталиштето, а потоа демолирале и туристичка агенција.

На крајот се пресметале со келнерите во познат ресторан откако прво го нападнале сопственикот. За среќа работниците го спречиле нападот на сопственикот и се справиле со насилниците.

Scroll to Top