(Видео) Кенгури му се израдуваа на снегот во Австралија

Снегот ги изненади жителите од источниот дел на Австралија. Поради екстремното студено време и силните врнежни кои не се вообичаени за овој период од годината, во прекин се одредени делови во сообраќајот, а откажани се и авионски летови.

Метеоролозите пренесоа дека биле забележани снежните наноси и со дебелина од 10 до 20 сантиметри. „Си-ен-ен“ објави видео од група кенгури во близина на главниот град Канбера кои уживаа скокајќи по него.

Scroll to Top