(Видео) Кич со познати брендови им се нудат на учениците во тоалетите во школо во Прилеп

Логоа на модни брендови се најдоа на ѕидовите на реновираните тоалети во основното училиште „Климент Охридски“ од Прилеп.

Посебно внимание привлекува женскиот тоалет каде се поставени логоа од познати модни брендови „Прада“, „Гучи“, „Версаче“, „Зара“, „Луј Витон“, како и цртани девојки и додатоци карактеристични за девојките, штикли, очила, кармин, шешири, чанти.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат за модерните тоалети, на некој им се допаѓа иим изгледа симпатично, додека за други велат дека ова е кич.

“Дали овој кич со познати брендови, е за секојдневна перцепција на ученици и дали на овој начин е неопходно да се уредува тоалет во воспитно-образовна институција“, велат на социјланите мржи

Реновирањето на тоалетите е комплетно финансиран и обезбеден од локалната самоуправа, напиша директорот на училиштетот Ахил Јаков на Фејсбук.

[/video]

Но освен тоалетите, после 60 години реновирана е и училишната библиотека.



 

Scroll to Top