(Видео) Кико заѕвони на победничкото ѕвонче на Онкологија откако ја победи болеста

Момчето Кико е уште едно од децата кои ја победија болеста и пред да си замине од одделот за онкологија заѕвони на победничкото ѕвонче. Веста ја објавија на социјалните мрежи од невладината организација САНО.

„Среќа е, да споделиш среќа! И на крај навистина ги надминавте најтешките и најболните моменти. По тој трнлив, тежок и долг пат што го поминавте вие, само храбрите, силните и хероите го поминуваат и победуваат. Кико силен борец и најголем суперхерој! “, пишува во објавата на социјалните мрежи.

Scroll to Top