(Видео) Кралот Чарлс ѝ посвети емотивна порака на кралицата Елизабета на првата годишнина од нејзината смрт

Кралот Чарлс (74) ѝ посвети емотивна порака на кралицата Елизабета на првата годишнина од нејзината смрт. На официјалниот „Твитер“ на кралското семејство се појави објава со снимен говор на кралот и фотографија од кралицата.

„Одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на нејзиното височество и мојот престол, со голема љубов се сеќаваме на нејзиниот долг живот, посветена служба и се што таа значеше за многумина од нас. Исто така, длабоко сум благодарен за љубовта и поддршката што ни ја покажавте на мојата сопруга и мене во оваа година, во која даваме сè од себе за да им служиме на сите“, рече Чарлс.

Фотографијата на кралицата која ја објавија е направена кога имала 42 години. Направена од Сесил Битен во 1968 година и била избрана лично од кралот за да ја одбележи годишнината. Според Page Six, Чарлс и Камила нема да се појават во јавноста во петок, туку ќе го поминат денот во замокот Балморал.

Scroll to Top