(Видео) Куче им го покажа патот на спасувачите да стигнат до завеано село во Турција

Силниот земјотрес кој се случи минатата недела во Турција и Сирија однесе илјадници животи. Фотографии од настраданите и уништени градови и села се ширеа на интернет, а едно видео од завеано село кое беше погодено во земјотресот, покажа дека во несреќата и животните помагаат.

Спасувачки конвој кој се движеше кон селото Ајанбурн во близина на погодениот град Кахранмарас, се изгуби, па следеа куче за да дојдат до местото и им помогнат на луѓето. Го снимија и рекоа дека кога не можеле да го најдат патот тргнале по него.

Scroll to Top