(Видео) „Квин“ објави изгубена песна со Фреди Меркјури од 1988 година

„Квин“ ја објави изгубената песна Face It Alone што ја снимиле со Фреди Меркјури во 1988 година. Песната е оригинално снимена за време на сесиите за албумот The Miracle, но таа не влегла на албумот и потоа била заборавена. Повторно била откриена на почетокот на годината во архива, кога продукцискиот тим на бендот го подготвувал реиздавањето на албумот.

„Среќен сум што нашиот тим успеа да ја најде оваа песна. По сите овие години, убаво е да се чујат сите четворица додека работиме во студио на одлична песна која никогаш вистински не била довршена“, изјави гитаристот Брајан Меј.

Face It Alone е првата нова песна на „Квин“ со Меркјури по осум години, односно од излегувањето на албумот Queen Forever во 2014 година. На овој албум има три необјавени песни од култната група.

Видеото за песната за еден ден има речиси 2.5 милиони прегледи.

Scroll to Top