(Видео) Лажен Нејмар ги прелажа фановите во Доха

Новинарите на американскиот „Фокс Сокер“ беа измамени од имитатор на Нејмар кој се преправаше дека е фудбалерот додека се шеташе на улиците низ Доха.

Телевизијата објави клип на Твитер од бразилскиот фудбалер како шета низ Доха додека го следат навивачите.

„Нејмар шета во Доха“, стои покрај видеото.

Многу фанови поверуваа дека тој навистина е Нејмар, иако вистинскиот има повреда на скочниот зглоб, повреда која ја доби по натпреварот со Србија.

Scroll to Top