Спасувачките тимови во Турција успејаа да спасат мачка која останала заробена под урнатините во зграда на југот во Турција. Мачката останал жива и по 49 дена од силниот земјотрес. Сопственичката Нида Дина (36) рече дека секој ден со ќерка ѝ ја барала, но, не успеале да ја најдат.
Мачката се викала Хан и била стара две години.
„Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но никаде не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога почна отстранувањето на урнатините на нашата единаесеткатница“, рече Дина за турски Хабер.
Додаде дека луѓето никогаш не треба да ја изгубат надежта затоа што чуда секогаш се случуваат.
„Хан во моментов е однесен во ветеринарска станица. Има проблеми со ногата и во тек е детален преглед. Се надевам дека ќе ги пореброди сите проблеми“, рече Дина.
Ветеринарката Фатма Гул Ханчолу претходно рече дека се грижела за Хан и сега е среќна што ја гледа жива и 49 дена по силниот земјотрес.
„Ја извлековме и веднаш ја повикавме сопственичката. Таа постојано ни доаѓа и се распрашува за неа“, рече Ханчолу.
За потсетување, силниот земјотрес го погоди јужниот дел на Турција на 6 февруари, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш.