(Видео) Мајстор по боречки вештини спречи киднапирање на дете сред бел ден во Њујорк

Американецот Брајан Кимсли додека се шетал со девојката низ Медисон Сквер во Њујорк, видел непознат маж кој се обидува да киднапира дете кое се шетало со мајка му. Веднаш реагирал и го спречил благодарение на неговите боречки вештини по џиу-џицу. 

Брајан ја слушнал жената како вика, додека непознатиот маж се обидел да и ја украде количката со дете. Жената не можела да реагира затоа што со неа имала уште едно дете. Брајан одма се пуштил во напад и со бразилското џиу-џицу брзо го совладал киднаперот и го држел додека не дошла полицијата.

„Додека го држев ме прашуваше дали со сигурност знам дека тоа е нејзино дете, или дека можеби е негово“, рече Брајан, кој објасни дека прво го соборил па го држел толку цврсто што не му дозволил да се движи.

Scroll to Top