(Видео) Макрон и Бриџит џускаат на концерт на Елтон Џон

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот вечерта со сопругата Бриџит беше на концерт на Елтон Џон. Двајцата танцуваа и џускаа во салата, а потоа во бекстејџ им позираа на папараците и се сликаа со британскиот пејач и неговиот сопруг Дејвид Фурниш, пренесе „Дејли Мејл“.

Многумина во јавноста го критикуваа Макрон и коментираа дека не било пристојно додека во Франција владеат немири, тој да оди и да се забавува на концерти.

За потсетување, во голем број градови во земјата има немири заради убиството на тинејџер во Париз. Демонстрантите влегуваат во конфликти со полицијата и палат автомобили и ги кршат излозите од продавниците. За потсетуање, во нередите повредени се 249 полицајци и жандарми.

 

Scroll to Top