(Видео) Маскиран маж влегол со пиштол во продавница и се заканувал и барал пари, сите му се смееле зашто мислеле дека се шегува

Маскиран маж со пиштол влегол во продавница и почнал да им се заканува на присутните и да им бара пари. Сите мислеле дека се шегува кога го извадил пиштолот и почнал да бара пари од касата. Смешната ситуација се случила на 7 јуни во округот Гвинет, во Џорџија, а била снимена и на камерите.

Полицијата соопшти дека разбојникот бил облечен во црно и влегол во продавницата за пакети Sweetwater. Го вперил пиштолот во еден од вработените, но никој во продавницата не се вознемирил. Напротив, сите почнале да му се смејат, а вработените продолжиле да ги услужуваат клиентите.

Кога почнал да се заканува посериозно и да бара пари, дошол полицаец. Офицерот Тед Садовски рече дека кога влегол во продавницата, разбојникот почнал да бега по дома.

Недела дена подоцна, специјалните полициски тимови упаднале во неговиот стан. Станува збор за 42-годишниот Тајрик Брајт.

„Ваквите злосторства можеа да станат смртоносни. Брајт негираше дека бил во продавницата, но благодарение на снимката од камерата, полицајците најдоа делови од неговата облека кај него. Го открија чевелот и панталоните што ги носел за време на грабежот“, рече Садовски.

Брајт во моментов е задржан во затворот во округот Гвинет под обвинение за вооружен грабеж.

Scroll to Top