(Видео) Маж го уапсија откога бакна репортерка додека известуваше во живо, па син му ѝ се извини во негово име

Маж беше уапсен во Бразил откако бакна новинарка за време на директен пренос на ESPN.  Навивачот за време на прославата по мечот меѓу Фламенго и Велез Сарсфилд, во рамките на Кола Либертадорес, ја бакна новинарката Џесика Диас, по што беше обвинет за сексуален напад.

Настанот се случил на 8 септември откако неколку фанови на Фламенго пееја и танцуваа зад репортерката Диас. На крајот на интервјуто на изненадување на сите, тој ја бакна во образ.

Британски „Сан“ пренесе дека бил уапсен, но бил ослободен следниот ден. Судот му забранил во иднина да присуствува на фудбалски натпревари. Не смее ни да го напушти градот, без посебна дозвола, а му била изречена забрана да ѝ се доближи на Диас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JÉSSICA DIAS (@jessicadiasst)

По инцидентот таа објасни дека ѝ било незгодно да се појавува во јавност.

„Дали тоа беше само бакнеж во образот. Не. Мислам дека не беше. Претходно ме пцуеа, а бев и малтретирана затоа што доцнеше шоуто. Јас бев таа која повикуваше на смиреност и останав присебна и професионална до крајот. Сакав да продолжиме со снимање во живо“, рече Диас.

Дополни дека била сексуално вознемирена и дека било сторено кривично дело додека била на работната задача.

„Не сакав никој да ме бакнува. Не барав нежности. Последно што сакав е да поминам три часа во полиција и да се објаснувам. Сè што сакав е да си ја сработам задачата“, додаде таа.

Мажот кој ја бакнал бил со неговиот малолетен син, кој ѝ се извинил во име на татко му. Џесика го прифати извинувањето и им напиша на фановите дека тоа не е виновно за постапките на татко му.

„Момчето не е виновно. Не го казнувајте целото семејство“, напиша Диас на „Инстаграм“.

Scroll to Top