(Видео) Маж не се избањал 65 години оти страдал по саканата

Иранецот Аму Хаџи стана светска атракција откако на локалните медиуми им откри дека последен пат се бањал пред 65 години. Хаџи, кој има 84 години, медиумите го нарекоа највалканиот човек во светот. Во интервју тој објаснува дека не се избањал од времето кога имал 19 години, оти има страв од вода и љубовни јадови поради кои решил да се изолира.

Аму Хаџи живее во иранската пустина, се храни со месо од умрени животни и верува дека може да се разболи ако се избања. Но, иако има страв од вода и капење, вели дека пие до 5 литри вода дневно и дека тоа го одржува здрав.

Сака да пуши, а највердната работа што ја поседува е старо луле. Тој живее на улиците во близина на изолираното села Дезга во јужната иранска провинција Фарс, спие во дупки направени во пустината. Иако селаните му изградиле колиба, тој одлучил да не живее во неа, туку повремено да се засолни кога е многу студено или кога има невреме.

Scroll to Top