Мечка нападна чувар во Зоолошката градина во Узбекистан. Немилиот настан се случил во Зоолошката во градот Андијан, а бил снимен од една од безбедносните камери. Чуварот влегол во заградениот простор за да го нахрани животното. Капијата не била затворена па се исплашил кога ја видел зад себе.
Прво се обидел да ја заобиколи, но мечката го нападнала и усмртила. Колегите се обиделе да помогнат фрлајќи со камења и мотики, но безуспешно.
„Од здобиените тешки повреди, вработениот починал на лице место“, рече портпаролот на полицијата и дополни дека немилиот настан се случил на 3 јануари. Од таму покренале и кривична постапка заради безбедносните неправилности во Зоолошката.