(Видео) Медведев имитира мајмун и се караше со публиката, нов скандал на рускиот тенисер

Рускиот тенисер Данил Медведев повторно направи скандал среде натпревар кога почна да имитира мајмун, алудирајќи на однесувањето на публиката на турнирот во Мец. Тој правеше звуци кои наликуваа на крици на мајмун, го фрлаше рекетот и се караше со публиката.

Однесувањето на Медведев беше предизвикано од лошата игра што ја прикажа против Швајцарецот Стен Вавринка, кога загуби во осминафиналето со резултат 6:4, 6:7, 6:3.

Организаторите на турнирот најавија дека ќе го санкционираат ваквото однесување на Медведев и дека во наредните денови ќе откријат на кој начин ќе го казнат.

Scroll to Top