(Видео) Мексиканка штедела 30 години за да го види „Титаник“ во живо

Мексиканката Рената Рохас штедела 30 години за да собере 250.000 долари и да тргне на патување за да го види во живо „Титаник“.

Рената, уште како мала имала желба да оди на експедиција и да го пронајде бродот кој потона во Атлантскиот Океан на неговото прво патување во 1912 година. Но, бидејќи во меѓувреме бродот беше пронајден, таа почнала да штеди за да собере пари и да отиде на туристичко патување со кое ќе се спушти на дното на Океанот и одблизу ќе го види потонатиот брод, пренесе „Би-би-си“.

„Соништата се исполнуваат. Привилегирана сум што со мои очи го видов ‘Титаник’ и станав првата Мексиканка во историјата што го постигнала тоа“, напишала Рохас на „Твитер“ по експедицијата.

Scroll to Top