(Видео) Мешана чивава е најгрдото куче во светот

By

Мешана чивава е избрана за најгрдо куче во светот на натпревар што неодамна се одржа во Петалума, Калифорнија. Победникот освои награда од 1.500 долари и патување во Њујорк со сопственичката Џенеда Бинали.

dobivaj vesti na viber

Зад оваа сторија се крие тажна приказна за кучињата во засолништата што никогаш не стануваат домашни миленици поради недостатоци и болести. Чиватата, која има име Господин среќно лице, има 17 години. Оваа чивава била запоставена и болна додека не пристигнала во прифатилиштето во Аризона пред 10 месеци. Ѝ биле констатирани многубројни повреди и невролошки проблеми. Но, и покрај недостатоците, нговата сопственичка Џенеда му дала нова шанса и го удомила. Го барала кучето што има најмалку шанси за посвојување.

„И стар и болен, мојот миленик е победник! Ја држи главата надолу, а кога е среќен, испушта звук што потсетува на звук од мотор на камион. Носи пелени и се бори да стои или да оди исправено, но мој си е“, вели Џенеда.

Овој натпревар се организира секоја година со цел да се промовира посвојувањето кучиња, дури и оние што имаат попреченост.


Ќе ви се допадне