(Видео) Меси го прекина интервјуто за да се поздрави со хрватскиот селектор Далиќ

Фудбалерот на Аргентина, Лионел Меси, по победата над Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Катар, го прекина интервјуто, за да се поздрави со селекторот Златко Далиќ.

Додека даваше изјава за аргентинскиот „Тус Спортс“, Златко му пријде, а Меси го прекина интервјуто и се поздрави, a видеото за брзо стана хит на интернет.

Многумина коментираат дека Меси сега бил многу порасположен за разлика од претходниот натпревар со Холандија, кога влезе во вербален конфликт со тренерот Луис Ван Гал.

За потсетување, Аргентина синоќа ја победи Хрватска во полуфинале со 3:0 и ќе го чека противникот од натпреварот меѓу Франција и Мароко со кого ќе игра во финалето во недела.

 

 

 

 

Scroll to Top